СветСвет.Портал

Шестмина француски туристи убиени во напад во Нигер

Шестмина француски туристи, нивниот водач и возач се убиени во напад на вооружени напаѓачи во Нигер, соопшти денеска локалниот гувернер.

Ниамеј, 9 август 2020 (МИА)Шестмина француски туристи, нивниот водач и возач се убиени во напад на вооружени напаѓачи во Нигер, соопшти денеска локалниот гувернер.

Според гувернерот на регионот Тилабери, Тиѓани Ибрахим, нападот го извршиле мотоциклисти во областа Кура.

Француското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница предупреди дека постои закана од терористички напади на високо ниво во Нигер, особено надвор од главниот град Ниамеј. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close