Дописници МКДКултураКултура.Портал

Шест претстави на тетовски Театар во текот на февруари

Распоред на претстави во февруари објави тетовскиот Театар, при што ќе може да се погледнат изведби од професионални режисери, но и од ново дипломирани студенти. Првата претстава од редовите на студентите кои дипломирале на Факултетот за уметности ќе се изведе утре, на 6 февруари.

Тетово, 5 февруари 2020 (МИА) – Распоред на претстави во февруари објави тетовскиот Театар, при што ќе може да се погледнат изведби од професионални режисери, но и од ново дипломирани студенти. Првата претстава од редовите на студентите кои дипломирале на Факултетот за уметности ќе се изведе утре, на 6 февруари.

– На 6 февруари Калтрина Тефику ќе се претстави со „Чекајќи го Годо“ од авторот Самуел Бекет. На 14 февруари Гент Мехмети ќе ја режира „Приказна од зоолошка градина“ од авторот Едвард Олби додека претставата „Пеликан“ од авторот Август Стрингберг е во режија на Фитим Селими на 21 февруари, информираат од тетовскиот Театар.

Во текот на месецот ќе се репризираат и дел од претставите кои минатата година беа изведувани во Театарот.

– „Бидерман и потпалувачите на огнови“ ќе се изведе на 7 и 27 февруари, „Изгубено писмо“ во режија на Куштрим Бектеши на 13 февруари и „Надвор од снегот“ во режија на Ќендрим Рајани на 20 февруари, соопштуваат од тетовски Театар.

Сите претстави ќе се прикажуваат во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“. ас/мс/

Back to top button
Close
Close