Дописници МКДОпштински вести

Шест новозаболени од коронавирусот во Куманово и еден во Липково

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, од нив шест во Куманово, еден во општина Липково, соопштија денеска надлежните. 

Куманово, 27 јуни 2020 (МИА) – Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира седум новозаболени лица од Ковид 19, од нив шест во Куманово, еден во општина Липково, соопштија денеска надлежните.

-Сите новозаболени имале контакти со веќе заболени лица, изјави д-р Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Во моментов се уште се вршат тестирања и според проценките на надлежните ќе бидат извршени над 40-тина тестирања според епидемиолошки индикации и контролни тестови. Според „Мој термин“ извршени се 15 тестирања. ам/ев/

Back to top button
Close
Close