Некатегоризирано

Шест месеци се чека на санирање на улица откако се интервенирало во водоводната мрежа

Речиси половина година како и цела зима жителите на улицата Кумановска во Тетово се соочуваат со кал и вода откако бекатон плочите биле извадени, а земјата ископана за санирање на дефект во водоводната мрежа. Цел овој период нема санација на ископаното, а тие се жалат дека секојдневно се соочуваат со калта и тешката проодливост.

Тетово, 10 февруари 2020 (МИА) – Речиси половина година како и цела зима жителите на улицата Кумановска во Тетово се соочуваат со кал и вода откако бекатон плочите биле извадени, а земјата ископана за санирање на дефект во водоводната мрежа. Цел овој период нема санација на ископаното, а тие се жалат дека секојдневно се соочуваат со калта и тешката проодливост.

-Откако имаше дефект на водоводна цевка и излевање на вода од комуналното претријатие ја санираа хаваријата. Но оттогаш штетата и последиците се тонење на бекатон плочките поради однесениот песок и земја под него. Не се наредија или поставија нови плочки. Проблемот е што во ваква состојба зимава секојдневно има кал од земјата која преку чевлите ја внесуваме дома, мора да помине преку улицата, велат мештаните.

Освен за луѓето ваква состојба на улицата претставува проблем и за возилата.

-За возилата е ризично тоа што може да дојде до оштетувања бидејќи земјата е веќе вдлабната. Може и да се заглави со тркалата, велат мештаните.

Тие потенцираат и дека неколку пати пријавуваат во општина Тетово, од каде дошле и направиле увид но немало потоа реакција. До локалната самоуправа испратена била и петиција на која се потпишале 100-тина домаќинства.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи на новинарско прашање за овој проблем порача граѓаните да поднесат жалба до инспекцијата.

-Институцијата која работи, доколку ЈКП интервенира мора да го доведат местото во првобитна состојба. Тоа е дел од договорот што тие го потпишуваат и доколку тоа не се случи граѓаните можат слободно да го пријават кај инспекциските служби, изјави Теута Арифи.

Улицата „Кумановска“ е во близина на градскиот стадион, претставува спој на улиците „Иво Рибар Лола“ и „Мирче Ацев“.ас/скс/

Back to top button
Close
Close