0_Спорт.ПорталКошарка

Шест играчи од КК Крива Паланка повикани за репрезентациите до 14 години

Вкупно шест играчи, пет кошаркарки и еден кошаркар се повикани на репрезентативните тренинзи кои од вторник, 4 август, ќе ги реализира Кошаркарската федерација на РС Македонија.

Крива Паланка, 2 август 2020 (МИА) – Вкупно шест играчи, пет кошаркарки и еден кошаркар се повикани на репрезентативните тренинзи кои од вторник, 4 август, ќе ги реализира Кошаркарската федерација на РС Македонија.

– По спроведените селективни тренинзи во машка и женска конкуренција што се одржаа  изминатиот викенд, селекторите на овие најмлади возрасни категории, родени 2007 и 2008 година ги објавија имињата на играчите повикани за втората фаза тренинзи. На листата на наше големо задоволство се најдоа четири девојчиња 2007 генерација, и по еден кошаркар и кошаркарка од 2008, што претставува потврда за огромниот труд и вложената работа на тренерите и играчите во изминатите години,но и мотив за нив да продолжат напорно да работат и да ја оправдаат укажаната доверба од страна на селекторите, изјави Ведран Белешковски, претседател и тренер на  КК Крива Паланка.

Тренинзите ќе се реализираат од вторник,4 август до 14 август во СРЦ „Кале“ во Скопје, согласно Протоколот за тренинг во спортска сала, одобрен од главниот координативен кризен штаб на РСМ, по што од 16 до 23 август ќе продолжат на Маврово.

– Кошаркарскиот клуб Крива Паланка постои 15 години и оттука се излезени повеќе репрезентативци и репрезентативки во младинските категории и во сениорската машка и женска репрезентација. На сите нив сме особено горди, како и на повиканите: Нена Китановска, Дејана Стојановска, Нена Георгиевска и Анастасија Стојановска од 2007, Меланија Тасковска и Мартин Илиевски од 2008 генерација и посакувам да ги следат стапките на нивните претходници, додаде Белешковски.

Минатата сезона 2018/19 се етаблира во Првата женска кошаркарска лига, каде заврши на средината на табелата, а девојките до 14 години беа државни прваци, додека во конкуренција до 16 години одвоија бронза.

Претстојната сезона 2020/21 клубот ќе настапи во Регионалната женска АБА лига У-17. ид/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close