СветСвет.Портал

Шест јеменски војници загинаа во конвој на министерот за одбрана

Во Јемен денеска загинаа шест војници, откако конвојот во кој се наоѓал јеменскиот министер за одбрана Мухамед Али Макдашија налетал на мина, но тој не е повреден.

Аден, 19 февруари 2020 (МИА) – Во Јемен денеска загинаа шест војници, откако конвојот во кој се наоѓал јеменскиот министер за одбрана Мухамед Али Макдашија налетал на мина, но тој не е повреден.

Министерот за одбрана на меѓународно признатата јеменска Влада ги посетил борбените позиции во областа Сирвах, западно од градот Мариба кој е под контрола на Владата, и источно од главниот град Сана, кој го контролираат Хутите.

Шест војници загинаа, а неколкумина се повредени откако конвојот налета на експлозив, кој бил поставен на патот, изјавија владини претставници.

Во Јемен трае граѓанска војна откако Хутите, кои се поддржани од Иран, ја соборија владата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади од Сана кон крајот на 2014 година. Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше во 2015 година, со цел да го врати Хади на власт. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close