ЕвропаЕвропа.Портал

Шеснаесет кандидати за лидер на ЦДУ

Германската медиумска група „Функе“ соопшти денеска, повикувајќи се на извори во седиштето на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), дека 16 лица се кандидирале за функцијата претседател на партијата по оставката на Анегрет Крамп-Каренбауер.

Берлин, 6 март 2020 (МИА) – Германската медиумска група „Функе“ соопшти денеска, повикувајќи се на извори во седиштето на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), дека 16 лица се кандидирале за функцијата претседател на партијата по оставката на Анегрет Крамп-Каренбауер.

Норберт Ретген, Армин Лашет и Фридрих Мерц веќе јавно објавија дека ќе се кандидираат за таа функција.

Во извештајот се наведува дека меѓу останатите 13 кандидати се наоѓаат и жени, но нивните имиња засега не се познати.

Анегрет Крамп-Каренбауер поднесе оставка од лидерското место во ЦДУ на почетокот на минатиот месец. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close