БалканБалкан.Портал

Шентоп: Изјавата на Макрон е пример за сурова исламофобија

Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денеска упати критики до францускиот претседател Емануел Макрон поради „исламофобичните коментари“, јави агенцијата Анадолија.

Анкара, 19 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денеска упати критики до францускиот претседател Емануел Макрон поради „исламофобичните коментари“, јави агенцијата Анадолија.

– Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија, напиша Шентоп на Твитер.

– Франција прво треба да се соочи со својата расистичка историја и историјата на масакрот, изјави тој, осврнувајќи се на нејзиното колонијалистичко минато, пренесува Анадолија.

Шентоп ги даде овие забелешки откако Макрон изјави дека ќе стави крај на системот во кој странските земји испраќаат муслимански проповедници во Франција, во обид за „сепаратизам“.

Тој рече дека Владата го замолила муслиманското тело во земјата да обучува проповедници во Франција и на француски јазик да го спречи ширењето на, како што рече, „политичкиот ислам“, потсетува агенцијата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close