0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Шекеринска: Поради одредени објективни прашања постои резерва за издавање НАТО-сертификати

Секоја држава што станала членка на НАТО минувала низ истиот процес, и секаде одреден број нивни армиски припадници, не само на нивните структури туку и на цивилните структури не успевале да добијат НАТО-сертификат. Тоа е затоа што кога ќе станете земја членка имате пристап до голем број информации, и Алијансата е многу внимателна, рече денеска на прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

Скопје, 27 јануари 2021 (МИА) – Секоја држава што станала членка на НАТО минувала низ истиот процес, и секаде одреден број нивни армиски припадници, не само на нивните структури туку и на цивилните структури не успевале да добијат НАТО-сертификат. Тоа е затоа што кога ќе станете земја членка имате пристап до голем број информации, и Алијансата е многу внимателна, рече денеска на прес-конференција министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

Таа посочи дека е погрешно и штетно да влеземе во математики од овој тип бидејќи тие можат да бидат злоупотребени и во државата и надвор од државата. 

Сепак, како што рече, оние кои не добиле сертификат, не значи дека направиле нешто што е спротивно на законот или на интересите на државата. 

Едноставно, посочи, поради одредени објективни прашања постои резерва и затоа тоа не се издава. И ние, како што рече, понекогаш немаме ни право тоа да го проблематизираме. 

– Но она на што дефинитивно немаме право ниту ние ниту останатите е тоа да го политизираме. Јас апелирам до сите да не дозволиме нешто што е тешко спечалено да го уништуваме заради полтиички поени, рече Шекеринска на денешната прес-конференција во одговор на прашање. 

Според министерката, не е во ред ова прашање да се политизира поради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО. 

– Не е во ред ова прашање да се политизира поради луѓе кои минале големи кариери, но и за нашиот имиџ како земја членка на НАТО. Затоа се прави процесот на сертификација, затоа што секогаш дополнителна контрола треба да направиме, бидејќи имаме веќе пристап до податоци, информации и документи за кои никогаш не сме имале пристап во својата историја, рече Шекеринска. 

Додаде дека процесот на ресертификација не ги опфаќа само воените служби, туку и безбедносни, дипломатски служби, администрација и секаде и во секоја држава имало луѓе кои не добивале сертификати. 

И тие, какоа што рече, ќе продолжат да работат само на места на кои нема да имаат причина да пристапуваат до НАТО документи. 

– Ниту НАТО-сертификациите ниту овој тип проверки не се прават во институција за институцијата. Тоа го прави Дирекцијата, таа добива податоци од други институции и од военото разознавање. Во принцип ние досега во ниеден момент не сме добиле сигнал дека некој го прекршил законот или дека некој некој направил нешто спротивно на ингеренциите. Во ниеден случај тоа не е товорено како како проблем, додаде министерката. 

Појасни дека со НАТО-документи можат да работат само луѓе кои ќе имаат НАТО-сертификат, а со наши класифицирани информации ќе можат да работат луѓе кои имаат пристап до класифицирани информации според законската регулатива. бт/са/

Back to top button
Close
Close