0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Шекеринска: Се покажа кој навистина е за НАТО и ЕУ, а кој манипулирал

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска им се заблагодари на 80-те пратеници во Собранието кои гласаа за измените и дополнувањата на Законот за одбрана и му честита на поширокиот тим од МО и од Армијата, кој го изработи во изминатата година.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска им се заблагодари на 80-те пратеници во Собранието кои гласаа за измените и дополнувањата на Законот за одбрана и му честита на поширокиот тим од МО и од Армијата, кој го изработи во изминатата година.

Со овој закон, појасни таа на денешната прес-конференција, се утврдени сите наши внатрешни механизми за практикување на членството во НАТО. Според Шекеринска, со Законот за одбрана ќе прејдеме од индивидуална одбрана, во системот на колективна одбрана, што е, потенцира, и најголемата видлива придобивка од членството во Алијансата.

Таа посочи дека со Законот за одбрана целосно е уредено како ќе се применува членот пет од Северноатлантскиот договор, познат како сите за еден, еден за сите, член што ги обврзува членките на Алијансата да се штитат едни со други и го гарантира духот на солиданорст и колективна одбрана.

– Тоа е член што за држава како нашата, релативно мала, во сложени регионални, глобални околности, ни ја дава шансата да се чувствуваме побезбедни, посигурни, бидејќи нападот на една членка, опасноста врз една членка, е напад и опасност за сите. Затоа членството во НАТО е успех, безбедност и суверенитет на нашата држава, рече министерката Шекеринска и додаде дека е успех да се биде меѓу 30-те во овој клуб, а победа е да се биде 30 – та членка на Алијансата.

Пред седиштето на НАТО во Брисел, информира таа, денеска се прави простор и се подигнува јарболот што го чека нашето знаме и прашање на денови е кога нашето знаме ќе стои рамноправно заедно со останатите 29-те знамиња на членките на Алијансата.

– Нашите ветувања ние ги исполнуваме, го одржавме нашиот збор и пред граѓаните и пред сојузниците во НАТО. Го исполнивме тридеценискиот стремеж на граѓаните оваа држава да бидат дел од моќната Алиајнсата, да се приклучат кон НАТО, истакна министерката Шекеринска.

Обидите за манипулациите од страна на опозицијата во Собранието, оцени Шекеринска, не помагаа во последните денови, но беа тест, подвлече меѓу другото, да не дозволиме никакво алиби за да се спречи заедничката цел, членството во НАТО.

– Тие обиди беа и обиди за манипулација за предвремените парламентарни избори. Се покажа кој навистина е за членство во ЕУ и во НАТО, а кој паритски калкулирал. Собранието е распуштено, сите клучни закони беа донесени, а избори на 12-ти април има и како и досега и на тие избори ќе победи вистината, а не лагата, порача министерката за одбрана.

Не е точен аргументот дека опозицијата била против Законот за одбрана заради името на Армијата, затоа што пред само неколку недели и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ гласаа за Законот за служба  во Армијата  на Република Северна Македонија, одговори Шекеринска на новинарско прашање дали единствениот аргумент за опозицијата која вчера на присуствуваше на гласањето за Законот за одбрана е тоа што се менува официјалното име на Армијата.

– Аргументите беа лаги, а не вистина, потенцира Шекеринска

Таа додаде дека опозицијата не можела да најде ниту еден полуаргумент да се спротивстават на носењето на Законот за одбрана.

– За најважните прашања играат најситно партиски, за најголемите државни интереси играат многу ситничарски и лично, рече министерката Шекеринска.

Осврнувајќи се на Законот за одбрана, таа потсети дека истиот влегол во собраниска процедура во август минатата година во редовна постапка и на комисиските дебати, како што рече, немаше дадено ниту еден предлог за суштинска измена.

– Кога требаше да се гласа Законот за ратификација на нашето членство во НАТО, ВМРО – ДПМНЕ знаееше дека и со нивните гласови и без нивните гласови, тој закон може да се донесе. И затоа беа таму, дојдоа да се сликааат со подигање на знамиња и да кажат дека и тие биле за НАТО, но барем беа таму и гласаа, рече меѓу другото Шекеринска. цр/са/

 

 

Back to top button
Close
Close