0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Шекеринска: Оваа недела две историски одлуки, лагите на ВМРО-ДПМНЕ не треба да ни го трошат времето

Денешната одлука на земјите членки на ЕУ да започнат преговори со нас е потврда дека оваа недела навистина ќе имаме две историски одлуки за сите нас и за нашата татковина - членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, изјави на прес-конференција во Владата вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Денешната одлука на земјите членки на ЕУ да започнат преговори со нас е потврда дека оваа недела навистина ќе имаме две историски одлуки за сите нас и за нашата татковина – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, изјави на прес-конференција во Владата вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа рече дека ова е и недела на два големи успеси, но за жал и недела на голема криза во државата и целиот свет, криза со која се соочува целото човештво.

– Се се менува со светлосна брзина, се менуваат проблемите, предизвиците, а и успесите, но и во успех и во криза една работа останува иста, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува наместо со помош, наместо со пофалба да работи само со лаги, рече Шекеринска.

Министерката регираше на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика да престанат со лаги.

-Најдиректно ја демантирам лагата која е јасно дека е лага дури на секој граѓанин кој ќе врзе два со два. Лага е дека било кој, а особено јас изминатава недела замислете сум била на службени патувања и сум ги трошела државните пари на патувања и репрезентации. Тоа е истава недела кога скопскиот аеродром во главно беше затворен. Тоа е истата недела кога секој добронамерен па дури и злонамерен граѓанин кој ќе седне на ФБ и кликне, ќе види дека јас како и сите други колеги сум секој ден присутна на Главен штаб и на владина седница, рече Шекеринска.

Додаде дека токму овој период, изминатиот четврток во Министерството за одбрана донела одлука со решение да се укинат сите репрезентации за целото Министерството вклучително и нејзе.

– Јас не можам да сфатам, единствено ако сметаат службено патување дека со кола заминав за Пепелиште, ама верувајте ми кој сака нека дојде со мене на Пепелиште нема шанси таму да добиете репрезентации и немате шанси да имате службено патување во форма во која ВМРО-ДПМНЕ е навикната. Оваа Влада раскрсти со минатото, за разлика до владата на ВМРО-ДПМНЕ која прогласуваше за службена тајна сите податоци за трошењето, рече Шекеринска.

Таа порача дека сега не е време за лажни вести и оти треба времето да се потроши на вистински теми.

– Сакаме да ја испратиме пораката, ова не е време за лажни вести, на граѓаните сме им должни да го потрошиме времето на вистинските теми и предизвици. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно не треба да ни го трошат времето, рече министерката Шекеринска, додавајќи оти целосниот нејзин фокус и на Владата е тоа како да се справат со кризата. мс/са/

Back to top button
Close
Close