0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Шекеринска од Крушево: Нашиот здравствен систем е спремен за вториот бран на коронавирусот

Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот, истакна денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во Крушево.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада во која нема да постојат министри кои ги блокираат одлуките или не уценуваат со потписи ќе можеме целосно да ја заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот, истакна денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во Крушево.

Таа нагласи дека покажале одговорност кон здравјето на граѓаните но и брза реакција тогаш кога светот па и ние плативме голема цена поради коронавирусот.

– Покажаме дека можеме и дека нашето јавно здравство може да го положи тестот.Во исто време ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство, рече Шекеринска.

Таа посочи дека додека лекарите и медицинскиот персонал се бореа за секој живот, додека се трудеа да го зачуваат своето здравје, Мицковски со својот пример во теретани, во кафеани, поттикнувал да не се почитуваат мерките, да се потцени опасноста.

– Додека ние во кампањата строго се придржувавме и се придржуваме до сите мерки за заштита Мицковски уште на почетокот најави дека истите нема да ги почитува. Тоа се истите оние луѓе и истата онаа партија која што кога бегаше од избори постојано го користеше аргументот здравствена криза, посочи Шекеринска.

Таа рече дека кога веќе станало јасно дека изборите не можат веќе да се одлагаат, тогаш  Мицковски заборавил на се, заборавил на здравјето на граѓаните, заборавил на мерките за превенција, заборавил на секакви превентивни мерки за заштита кои можат да значат живот и здравје.

– Јасно е, ако овие луѓе вака се однесуваат во екот на најголемата светска пандемија, додека се опозиција, како ли би се однесувале кога би ја добиле некогаш власта. Не сакам на тоа ниту јас ниту граѓаните да помислат. Здравјето навистина е наш прв приоритет и тоа го покажавме и во периодот на криза, тоа ќе го покажеме и после 15 јули. Како влада уште пред кризата инвестиравме силно во јавното здравство. Инвестиравме во луѓе, инвестиравме во знаење, инвестиравме во доктори и медицински сестри, посочи Шекеринска.

Заменик претседателката на СДСМ истакна дека јавното здравство го зајакнале со 780 нововработени лекари, со 1000 нововработени медицински сестри.

– Во изминатата година обезбедивме рекордни специјализации, рекорден број на специјализации на нашите медицински кадри. Тоа ќе продолжиме и понатаму да го правиме.Во следниот период веднаш после изборите ќе ги обезбедиме 33-те милиони евра кои ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги насочиме таму каде што се најпотребни – во одделенијата за интензивна нега. Ќе ја прошириме позитивната листа на лкекови и исто како што ги укинавме квотите за лекови кои што ги плашеа граѓаните и ги тераа да останат без лекови после 5-тти во месецот. Ќе обезбедиме трипати повеќе специјализации и ќе изградиме нови клинички центри. Целосно ќе воведеме елетронско здравство, за да го спречиме постојаното шетање на пациентите од лекар, од примарен доктор, од аптека и да го штедиме нивното време но пред се нивното здравје, потенцираше Шекеринска.

Таа посочи дека секоја година ќе инвестираат во кадрите од кои зависи нашиот живот и нашето здравје.

– Ќе го зголемуваме бројот на медицински лица но ќе ги покачуваме и нивните плати, секоја година до 10 проценти. Вкупно во текот на мандатот до 40 проценти. Младите лекари кои што се на специјализација во Скопје и се соочуваат со проблем бидеќи имаат зголемени трошоци секој месец ќе добиваат дополнителни 12 илјади денари за да обезбедат дополнителни средства за живот во главниот град. Јавното здравство има потреба од нови инвестиции. Ние тие инвестиции ги започнавме, но можеме и повеќе и подобро, заклучи Шекеринска.см/дма/

Back to top button
Close
Close