0_Web_АктуелноMakedonija.SlajderГраѓански секторПолитика

Шекеринска- Каракачанов: Помош од Бугарија во борбата против корона вирусот

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска остварила телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, во кој бугарскиот колега најавил директна помош во борбата против корона вирусот. 

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имала телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов, во кој бугарскиот колега најавил директна помош во борбата против корона вирусот.

– Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Ковид-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации, информираат од Министерството за одбрана.

Во разговорот бугарскиот колега и честитал на министерката Шекеринска на членството во НАТО.

Двајцата министри, стои во соопштението, изразиле взаемна поддршка во борбата против пандемијата. аа/са/

Back to top button
Close
Close