Политички партии

Шекеринска: Исполнивме две невозможни мисии поради ВМРО-ДПМНЕ- ЕУ и НАТО, СДСМ докажа што значи грижа за граѓаните

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествуваше на отворање на нов изборен штаб на СДСМ во Општина Центар каде се поделија над 200 нови членски книшки.

Скопје, 6 март 2020
 
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествуваше на отворање на нов изборен штаб на СДСМ во Општина Центар каде се поделија над 200 нови членски книшки.
Членството на СДСМ расте насекаде во државата бидејќи ветуваме и остваруваме, покажавме дека се може, затоа денес имаме и над 200 нови членови во победнички Центар, истакна Шекеринска.
Шекеринска се осврна на суштинските разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ го остварува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи невозможно. Тие беа против повисоки плати и пензии, ние ги покачивме. Тие затвораа компании, ние отворивме 60.000 реални работни места, покажавме дека се може, затоа сме де факто 30та членка на НАТО затоа ќе бидеме членка на ЕУ.
Ние одиме три чекори напред, тие назад кон ходници и Будимпешта, тие трошеа на Скопје 2014, ние парите ги враќаме кај граѓаните. Доказ за нашата одговорност се покачените плати и пензии, проектот “Мој ДДВ”, доказ за нивното расипништво се жални врби и лажен барок. Затоа СДСМ ќе победи убедливо на 12 април, граѓаните знаат и гледаат и чуствуваат вистинска грижа, заклучи Шекеринска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close