0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Шекеринска: Градиме нова развојна македонска економија

Ако се изберат вистинските приоритети и ако државната власт добро соработува со локалната власт, тогаш заедничките успеси се видливи, а пример за тоа е Демир Хисар. Ние градиме нова развојна македонска економија и создаваме услови за подобри работни места и повисоки плати, истакна Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа за пратеници од СДСМ и коалицијата во ИЕ5.

Демир Хисар, 26 јуни 2020 (МИА) – Ако се изберат вистинските приоритети и ако државната власт добро соработува со локалната власт, тогаш заедничките успеси се видливи, а пример за тоа е Демир Хисар. Ние градиме нова развојна македонска економија и создаваме услови за подобри работни места и повисоки плати, истакна Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа за пратеници од СДСМ и коалицијата во ИЕ5.

Таа потсети дека во триаголникот Битола-Демир Хисар-Крушево, во инфраструктура вложени се околу 12 милиони евра.

– Во овие две и пол години, целиот фокус ни беше во патните правци кои Демир Хисар го поврзуваат со Битола, со Крушево и Другово, а во следниот четири годишен период фокусот ќе биде да обезбедиме добра патна инфраструктура кон Кичево. Како влада асистиравме и на изградбата на локална инфраструктура и после цели 40 години обезбедивме средства со кои што се асфалтираше делницата меѓу Слоештица и Вирово, а после 30 години обезбедивме и помогнавме целосна реконструкција на коловозот во селото Базерник. Како влада влијаевме на подобрување на капацитетите на Општина Демир Хисар, а во психајтриската болница како важен центар и составен дел на здравствените услуги, драматично го зголемивме бројот на специјализации и бројот на медицински лица кои работаат во психијатриската болница. Овој капацитет обезбедува подобри и похумани услови за сместување, тоа е капацитет важен за здравството, а говори и за демократска држава која почитува човекови права, посочи Шекеринска.

Носителот на листата кандидати за пратеници од ИЕ5 Радмила Шекеринска за време на посетата во Општина Демир Хисар истакна дека за време на корона кризата владата постојано е фокусирана да помага на општините, а економските субјекти, односно што поголем круг на граѓани.

– Нашата влада само во Општина Демир Хисар обезбеди директна финансиска помош на 59 фирми за да вработените ги зачуваат своите работни места и за да продолжат со работа во вака тешки околности. Во Општина Демир Хисар обезбедивме финансиска поддршка на 1.441 граѓани кои преку картичката ќе купуваат домашни производи, пари кои влегуваат во семејните буџети, односно пари кои влегуваат во буџетите на фирмите. Само на ваков начин ќе можеме парите да ги враќаме кај граѓаните, но и да дадеме многу поголема шанса за општински развој, нагласи Шекеринска.

На средба со својот домаќин, градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојаноски, Шекеринска беше информирана за ефикасното користење на европски средства кои се насочуваат во развојот на културата, локалната инфраструктура, како и на шансите за развој на туризмот во таа општина. мт/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close