0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Шекеринска ќе присуствува на промоција на новите униформи на Армијата

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата. Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава. 

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата.

Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава.

Армијата неодамна доби нови униформи, вкупно 9.100 комплети палта и пантолони.

– Со новите армиски униформи се заокружува пакетот мерки преземени од министерката Шекеринска за надминување на затекнатата состојба во Армијата со дотраена војничка и борбена опрема, ниски плати, селективна исплата на закупнина за стан, укинати дневници за дежурство, неповолни услови за пензионирање и недоволен буџет во одбраната за одржување на функцијата на Армијата, велат од Министерството за одбрана. бак/

Back to top button
Close
Close