0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваДописници МКДОпштествоОпштински вестиПолитика

Шекеринска: Ја прекинавме праксата на финансирање споменици, музеи и жални врби, вложивме милијарда евра во инфраструктура

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска посети неколку локации во Охрид каде се спроведени значајни инфаструктурни проекти, а изврши увид и на дел од градежните зафати кои се во тек.

Охрид, 22 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска посети неколку локации во Охрид каде се спроведени значајни инфаструктурни проекти, а изврши увид и на дел од градежните зафати кои се во тек.

– Добро е да се чуе дека има генерално градежна иницијатива низ Охрид, особено во повеќе училишта од каде почнува се. Ако добиеме млади во чие образование е вложено, се подобро ќе оди. И во екот на ужасната корона-криза што влијае во односите во светот, решивме да не дозволиме да запрат инвестициите, рече Шекеринска, најавувајќи дека и во иднина Владата ќе ги подржи сите добри проекти, за што е предвидена финансиска поддршка вредна две милијарди евра.

Таа заедно со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески го посети ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, каде изминатиот период се спроведени значајни инфраструктурни зафати.

– Колкава е разликата кога се работи паметно, со приоритети и домаќински. Оваа сала зборува за тоа каде ги ставаме приоритетите и како Влада, но и Општината. Ја прекинавме праксата на финансирање споменици и музеи, жални врби и непотребни работи, но буквално милијарда евра инвестиравме во инфраструктура што значи промена и подобрување на животот на граѓаните. На кој начин ќе се грижиме за најмладите ако тие немаат спортски сали додека се во училиште или ако влегваат во полураспаднати, никогаш реновирани училшта, рече Шекеринска.

Оваа инвестиција во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид е една до дополнителните причини зошто е зголемен бројот ученици кои оваа година конкурирале за упис.

– Целта на Владата е навистина да инвестираме во стручно образование, да им дадеме шанса на младите кога ќе се школуваат во добро опремено училиште веднаш да бидат подготвени да влезат во економијата, да најдат работа, да заработуваат повеќе, да бидат добри работници.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески потсети дека со средства на Локалната самоуправа во училиштето се спроведени значајни зафати за подобрување на условите за одвивање на наставниот процес.

– Изминатата година целосно го заменивме покривот на објектот, извршивме замена на осветлувањето со лед светилки, целосна замена на дограмата, таваните. Сега работиме на освежување на фасадата, а ќе следува и инвестиција во подобрување на подовите во центарот. Сменивме кровни конструкции на четири поголеми училишта, во моментот активни се шест тендери за реконструкција на санитарните јазли во сите основи училишта во Охрид, рече тој.

Владината делегација предводена од вицепремиерката Шекеринска изврши увид и во градежните активности за целосна реконструкција на улицата „15 Корпус“ на излезот од Охрид кон Магистралниот патен правец кон Ресен и Битола.

Шекеринска претходно беше во Ресен, на отворањето на новиот градски пазар, вреден 3,5 милиони денари. аб/мч/

Шекеринска во работна посета на Охрид

Posted by MИА.mk on Понеделник, 22 јуни 2020

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close