0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Шефот на Манчестер Јунајтед најавува крај на трансферите вредни стотици милиони

Според Вудвард, клубовите веќе нема да можат да потрошат стотици милиони евра за привлекување на играчите што им се потребни.

Манчестер, 25 април 2020 (МИА) – Потпретседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард смета дека претстојниот трансфер прозорец ќе има сосема поинакво лице заради пандемијата од коронавирус.

Според Вудвард, клубовите веќе нема да можат да потрошат стотици милиони евра за привлекување на играчите што им се потребни.

Во неговите очи, ефектот од пандемијата ќе биде многу силен. Премиер лигата запре на 13 март и клубовите изгубија и продолжуваат да губат многу пари.

– Целиот фудбалски бизнис наскоро ќе се промени, рече шефот на „Олд Трафорд“, кој не очекува брзо финансиско закрепнување.

Вудвард се прогласи за изнаоѓање начин да се заврши сезоната, колку и да е тоа тешко со оглед на ситуацијата.

Манчестер јунајтед е на петтото место во привремениот пласман и се надева дека ќе си најде место во групите во Лигата на шампионите.

Таг
Back to top button
Close
Close