0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Шефот на дипломатијата на Луксембург во посета на Скопје

Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров .

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе престојува во посета на земјава на покана на шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, посетата се реализира во пресрет на дискусиите на мартовскиот Совет за општи работи на ЕУ, при што фокус на разговорите ќе биде ставен на очекувањата и изгледите за донесување на одлуката за отпочнување пристапни преговори со ЕУ.

-Аселборн ќе биде запознаен со испорачаните суштествени и одржливи реформски резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од јуни 2018 година на Советот на ЕУ, што беше потврдено и во неодамнешниот вонреден извештај од Европската комисија, во кој е констатирано дека ЕК стои зад својата препорака за почеток на преговорите со Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Во рамки на посетата, предвидено е министерот Аселборн да биде примен и од страна на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. вг/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close