0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Шефот на Атлетико: Ако Меси повторно сака да игра со Суарез, нека каже!

Како што е познато, на својот деби натпревар за „јорганџиите“ Суарез влезе како резерва на мечот против Гранада и постигна 2 гола.

Мадрид, 29 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Атлетико (Мадрид), Енрике Сересо го коментираше трансферот на Луис Суарез од Барселона во мадридскиот клуб. Тој се пошегува дека би бил среќен да го види Лионел Меси во тимот.

– Сè помина совршено. Бартомеу е добар пријател и одличен претседател. Работите не одат како што треба во моментов, но тој ја направи вистинската работа. Потпишувањето не беше тешко. Фудбалерот игра каде што сака. Ако Лионел Меси сака повторно да игра со Луис Суарез, тогаш му велам да дојде кај нас. Сè е можно, рече Сересо, цитиран од „КОПЕ“.

Како што е познато, на својот деби натпревар за „јорганџиите“ Суарез влезе како резерва на мечот против Гранада и постигна 2 гола.

Таг
Back to top button
Close
Close