Дописници СветЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Шефчович назначен за копретседавач на заедничкиот комитет ЕУ – Британија

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК), Марош Шефчович, е назначен за ЕУ-претставник во комитетот за надзор на Договорот за повлекување на Обединетото Кралство.

Брисел, 26 февруари 2020 (МИА) – Потпретседателот на Европската комисија (ЕК), Марош Шефчович, е назначен за ЕУ-претставник во комитетот за надзор на Договорот за повлекување на Обединетото Кралство.

Ова тело е предвидено во спогодбата за повлекување на Британците од ЕУ, спогодба договорена минатата година помеѓу двете страни, и чија цел е да ги постави рамката и модалитетите на истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Денеска претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, го назначи Шефчович за копретседавач на заедничкиот комитет.

Телото ќе има задача не само да врши надзор врз имплементацијата на договорот, туку и да воведе механизам за решавање спорови околу интерпретацијата на договорот.

Во случај да дојде до спор, двете страни ќе можат да се обратат до овој заеднички комитет.

– Улогата на заедничкиот комитет мора сега да се фокусира на имплементирањето на заложбите од Договорот за повлекување и одблиску ќе работиме со Обединетото Кралство за да обезбедиме негово функционирање, изјави Шефчович.

Одлуката ја поздрави и главниот европски преговарач Мишел Барние, кој порача дека успешното спроведување на овој договор ќе биде клучно за солидно итно партнерство помеѓу двете страни.

Заедничкиот комитет има задача и да одлучи дали ќе се пролонгира дополнително транзицискиот период по 31 декември 2020. Одлуката мора да биде донесена до јули годинава. тм/сд/

Back to top button
Close
Close