БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Шарец: Нема потреба да се затвораат границите поради коронавирусот

Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец изјави дека тие што повикуваат на затворање на границите поради коронавирусот само шират паника.

Љубљана, 27 февруари 2020 (МИА) – Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец изјави дека тие што повикуваат на затворање на границите поради коронавирусот само шират паника.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец смета дека затворањето на границите нема да го спречи ширењето на вирусот, а само ќе предизвика нарушување на нормалното снабдување на земјата, што би било контрапродуктивно.

– Ситуацијата мораме да ја третираме многу совесно и сериозно, но и да се воздржиме од ширење паника. Доколку има потреба, државата е подготвена да ги искористи сите механизми за спречување на ширењето на вирусот – изјави Шарец.

Инаку, во Словенија сè уште нема ниту еден потврден случај на лице заразено со коронавирус. ав/

Back to top button
Close
Close