БалканБалкан.Портал

Шарец: Јанша греши, словенечката влада не е „клинички мртва”

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во интервју за ДЕЛО кажа дека нема никаква опасност од пад на словенечката влада. Тој практично му одговори на опозиционерот Јанез Јанша, кој пред неколку денови на гостување на една телевизија кажа дека словенечката влада е практично „клинички мртва”.

 

Љубљана, 15 јануари 2020 (МИА) – Словенечкиот премиер Марјан Шарец во интервју за ДЕЛО кажа дека нема никаква опасност од пад на словенечката влада. Тој практично му одговори на опозиционерот Јанез Јанша, кој пред неколку денови на гостување на една телевизија кажа дека словенечката влада е практично „клинички мртва”.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец во интевјуот кажа дека коалициската влада работи за доброто на граѓаните и тоа е главната причината зошто формирале владата. Премиерот посочил дека таква можност имал и Јанша, но тој не прифатил да формира влада и да ги решава проблемите на државата и граѓаните.

Шпекулациите во јаноста за можен пад и формирање на нова влада се појавија по изјавите на Јанша, дека владата на Шарец е во длабока криза, а тој на тоа гледа како на можност за фомирање нова коалиција и дека на тоа се работело изминатиов период. ав/

Back to top button
Close
Close