0_Спорт.ПорталФудбал

Шампионот Манчестер сити против Тотенхем во дербито на отворањето на новата премиерлигашка сезона

Бранителот на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига, на стартот на сезоната 2021/22 ќе се сретне со Тотенхем. Овој меч е дерби на првото коло.

Лондон, 16 јуни 2021 (МИА) – Бранителот на шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига, на стартот на сезоната 2021/22 ќе се сретне со Тотенхем. Овој меч е дерби на првото коло.

Сити со Ливерпул ќе игра на 2 октомври на гости и на 9 април 2022 година на домашен терен. На 6 ноември „граѓаните“ ќе одат на гости кај Манчестер јунајтед, на 5 март ќе се одигра натпревар на стадионот „Етихад“.

Ливерпул и Манчестер јунајтед ќе играат во Манчестер на 23 октомври, реваншот е на 19 март.

Распоред на натпревари од 1. коло на Премиер лигата, кое започнува на 14 август:
Брентфорд – Арсенал
Барнли – Брајтон
Челзи – Кристал Палас
Евертон – Саутемптон
Лестер – Вулверхемптон
Манчестер јунајтед – Лидс
Њукасл – Вест Хем
Норич – Ливерпул
Тотенхем – Манчестер сити
Вотфорд – Астон Вила. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close