0_Македонија.ПорталОпштество

Шалтерот за објави во службеното гласило преселен во Инфоцентарот на ЈП Службен весник

Шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ“ од утре ќе биде преселен од зградата на Младинскиот културен центар во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, во Порта Буњаковец.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ“ од утре ќе биде преселен од зградата на Младинскиот културен центар во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, во Порта Буњаковец.

– Од утре, 30 јануари 2020 година, оваа услуга, објава во огласниот дел на службеното гласило, „Службен весник на РСМ“, граѓаните и правните лица ќе можат да ја реализираат само на шалтерот кој ќе биде сместен во просториите на Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Порта Буњаковец, на бул. Партизански одреди број 23, информираат од ЈП Службен весник на РСМ. дма/сп/

Back to top button
Close
Close