0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Шалке казнет поради расизам

Фудбалерот на тимот од Берлин, Џордан Торунарига, беше навреден на расистичка база од навивачите на Шалке.

Гелзенкирхен, 11 февруари 2020 (МИА) – Раководството на Шалке 04 ќе плати казна од 50.000 евра за скандирања на расистичка основа од страна на навивачите на германскиот тим. Инцидентот се случил за време на натпреварот во Гелзенкирхен против Херта Берлин во Купот на Германија минатата недела.

Фудбалерот на тимот од Берлин, Џордан Торунарига, беше навреден на расистичка база од навивачите на Шалке.

– Имаше мајмунски звуци, се вели во изјавата на германскиот фудбалски сојуз.

Во дополнителното време на натпреварот, Торунарига беше отстранет од теренот поради втор жолт картон во мечот, кој заврши со успех од 3:2 во корист на Шалке.

Таг
Back to top button
Close
Close