Дописници МКДОпштински вести

Шахпаска: Зголемен број на граѓани кои користат права во Центарот за социјални работи во Куманово

Центарот за социјални работи Куманово опслужува околу 17.800 корисници на сите услуги и права, а пружа интегрирано водење на 13.000 случаи. Од почетокот на учебната година за два и пол пати е зголемен бројот на корисници на детски и образован додаток, информираше денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при посетата на Центарот. На ниво на државата е зголемена бројката на граѓани кои користат гарантирана минимална помош, што според надлежните се должи на олеснет пристап до права на ранливи категории граѓани.

Back to top button
Close
Close