0_Web_АктуелноОпштество

Шахпаска: Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши приоритети

Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за човекови права и алтернативни санкции, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер.

Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за човекови права и алтернативни санкции, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер.

Како што информираат од Министерството, главна цел на овој ЕУ/ИПА проект е зајакнување на капацитетите на релевантните институции за владеење на правото и почитување на човековите права.

Министерката Шахпаска истакнала дека поддршката што МТСП ќе ја добие особено во делот на спречувањето на родовото насилство и родовата дискриминација, заштитата на децата, како и градењето на капацитети за спречување на семејно насилство е многу значајна.

Таа потенцирала дека Министерството и неговите служби се подготвени за активно вклучување во проектните активности.

– Преку петгодишниот грант проект ќе се овозможи јакнење на капацитетите за примена на принципите базирани на човекови права, подобрување на капацитетите за имплементација на политиките за детски права и системот за заштита на децата, зајакнување на состојбите по однос на родово базираното насилство и родово базираната дискриминација, како и подигнување на свеста за човековите права и институциите што ги штитат, стои во соопштението. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close