0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

Шахпаска: Унапредувањето на човековите права, вклучително и сексуалните и репродуктивните права на жените е наша заложба на која посветено работиме

Од Самитот во Најроби до денес, како Влада на Република Северна Македонија направивме сериозни исчекори. Меѓу главните постигнувања би ја издвоила борбата против дискриминацијата. Парламентот го усвои Законот за заштита и спречување на дискриминација и тоа претставуваше победа на сите граѓани и на еднаквоста. Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусијата „Телесна автономија-основа на човековите права“, осврнувајќи се на исполнувањето на заложбите на Владата која се обврза за телесната автономија преку една од нејзините клучни области, родовата еднаквост. Ова обврзување беше потврдено преку усвојување на националните заложби на Самитот во Најроби во 2019 година.

Back to top button
Close
Close