0_Македонија.ПорталОпштество

Шахпаска: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивен влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации , преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан, постојана претставничка на УНДП во земјава.

Back to top button
Close
Close