0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштество

Шахпаска: Првиот Младински ресурсен центар во Гостивар ќе ги поттикне активирањето на младите на  пазарот на трудот и претприемачкиот дух

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворање на Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата напомена дека ќе биде од голема корист за младите од Полошкиот регион. На отварањето на ценатрот беше истканото дека во него ќе се врши подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.

Гостивар, 18 февруари 2021 (МИА) – Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворање на  Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, напомена дека ќе биде од голема корист за младите од Полошкиот регион. На отварањето на ценатрот беше истканото дека во него ќе се врши подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.

Младинскиот ресурсен центар Ај кен (I can) е модел на инклузивен, дигитален, иновативен и неформален центар за обуки, кој целосно ќе одговори на потребите на младите и нивно побрзо и поефикасно вработување, но и можност младите да бидат дел од претприемачката сфера.

Министерката за  труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја потврди заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика во креирање на младински политики и силна поддршка на младите во јакнење на нивниот претприемачки дух.

– Младинскиот ресурсен центар ќе им помага а на младите, да ја развиваат креативноста и бизнис идеите и така да ги преточат во вистински бизниси и во старт ап компании и активно да учествуваат заедно со сите чинители на пазарот на трудот, истакна министерката Шахпаска.

Во обраќањето напомена дека активните мерки и програми како дел од Оперативниот план од минатата година покажале висока реализираност. Во полошкиот регион отворен е  231 сопствен бизнис, од кои 83 основани од млади.  Шахпаска се осврна и на имплементација на проектот Гаранција за млади, за подобро позиционирање на младите на пазарот на трудот. Со него, минатата година, 8.446 лица се вработиле, а 2.000 станале повработливи. Младинскиот додаток пак,  овозможува секое младо лице до 23 годишна возраст вработено во производство да добива месечен надоместок од државата во износ од 3.000 денари. Мерка со која минатата година биле опфатени 3474 лица.

Првиот човек на општината, градоначалникот Арбен Таравари, ја истакна важноста од еден ваков центар за локалниот развој и изрази уверување дека овој современ ресурсен центар ќе одговори на потребите на младите во целиот полошки регион. Тој искажа задоволство бидејќи, како што рече, за две години ова е трет  ваков центар во општина Гостивар. Таравари ги истакна неговота лична и на администрацијата цлосна поддршка за негово функционирање со сите расположливи капацитети.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибул Сутер, истакна дека со поддршката на „ I can “ Центарот, Швајцарија ја потврдува заложбата за вклучување на младите во сите важни процеси на локално ниво, а посебно успешната активација на младите на пазарот на трудот. Таа мисија претставува и надоградување на швајцарскиот придонес кон социјалната локална агенда и нов правец во долгогодишното партнерство со Владата во промовирањето можности за работа за сите.

Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан напомена дека УНДП соработува со младите и младинските организации, приватниот сектор и владините институции со цел поддршка и промовирање на младинскиот концепт.

– Ние веруваме дека младите се поттикнувачи на промените и многу важни партнери за остварување на одржливите развојни цели. Начините како ги вклучуваме младите во важните глобални трендови ќе го одреди и успехот за постигнување одржлив развој, раст и инклузивен проспарите, истакна Сахакјан

Партнерството со Штуловиот универзитет за ректорот Абдулменаф Беџети претставува исчекор во воспоставување уникатни партнерства помеѓу различните чинители.

– Ние како Универзитет ќе ги ставиме на располагање сите наши капацитети и експертизата со цел обезбедување квалитетни и иновативни обуки за младите, како и обезбедување на блиска соработка со компаниите во Полошкиот регион, истакна Беџети.

Кон локалната агенда и поддршка за Центарот се придружува и Општина Тетово.

Иницијативата за отворање на Младинскиот ресурсен центар „ I can “е дел од проектот за создавање можности за работа за ранливите категории, вклучувајќи ги и младите. Активностите се финансирани од Швајцарската агенција за соработка и развој, а реализирани од Програмата за развој на Обединетите нации во партнерство со локалните партнери и Министерството за труд и социјална политика. згм/сст/

 

Back to top button
Close
Close