0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Шахпаска повика да се гласа на 15 јули: Со почитување на протоколот, гласањето ќе биде безбедно

Здравствената стручна јавност и институциите подготвија сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес, истакна Јагода Шахпаска, носител на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. 

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Здравствената стручна јавност и институциите подготвија сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање, кој обезбедува максимална заштита за гласачите, набљудувачите, членовите на избирачките одбори и сите учесници во изборниот процес, истакна Јагода Шахпаска, носител на кандидатската листа за пратеници во Третата изборна единица од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

На прес-конференција Шахпаска рече дека според протоколот, граѓаните треба да дојдат на гласачкото место со маска која ги покрива и носот и устата, да се избегнува секаков физички контакт, да се држи определена дистанца и да се дезинфицираат рацете и пред и по гласањето. Просториите во кои се гласа, рече, ќе бидат проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.

-Со строгото почитување на овој протокол, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно и за нив и за останатите. Затоа, ве повикувам на 15 јули да излезете и го остварите вашето загарантирано право на глас. Затоа што вашиот глас одлучува во каква земја и каква иднина ќе одберете за вас и за вашите деца.
Да излеземе и да гласаме безбедно, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето. Да избереме функционални и легитимни институции кои уште повеќе и уште подобро ќе се грижат за граѓаните, истакна Шахпаска.

Таа посочи и дека во изминатите четири  месеци – државата, здравствените работници и институциите прават сè за да го спречат ширењето на опасниот вирус кој, како што рече, го смени начинот на живот, функционирање, работење и на социјалниот  живот. хс/са/ 

 

Back to top button
Close
Close