0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваМакедонија.СлајдерОпштество

Шаќири: Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1 717 лица

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131 183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во 1332 институции. Од вкупниот број, 19 594 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Освен како бројка за овие вработени лица во извештајот не се прикажуваат други детали, други детални анализи и тоа поради законски и безбедносни причини. Деталната обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 111 589 вработени лица. Во вкупниот број вработени влегува целиот јавен сектор како што е дефинирано во Законот за вработени во јавниот сектор односно прикажани се податоци за вработените во институциите од државната власт, во општините, јавните установи од областа на образованието, здравството, културата, социјалната заштита, јавните претпријатија итн.

Back to top button
Close
Close