0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Северна Македонија со тројца боксери и еден судија на Балканското првенство во Анталија

Македонската боксерска репрезентација од денеска до недела ќе настапи на Балканското првенство во Анталија, Турција.

Анталија, 11 декември 2019 (МИА) – Македонската боксерска репрезентација од денеска до недела ќе настапи на Балканското првенство во Анталија, Турција.

Репрезентација е во состав, Јасин Љама ,Гоце Јанески и Арсим Етеми. Водач и тренер на екипата е Скендер Јахиу.

Љама ќе настапи во категоријата 69 кг, Јанески во 75кг и Етеми во 81 кг. Овие тројца боксери настапија на Европското првенство во Минск оваа година.

Претставник на нашата држава на балканскиот шампионатот ќе биде и судијата Стефан Цубалевски. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close