0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Северна Македонија прва определи оператор на енергетскиот пазар во согласност со регулативата ЦАЦМ на ЕУ

Секретаријатот на енергетската заедница ја поздравува одлуката на македонската Влада за определување на МЕМО ДОО за оператор на организираниот пазар на електрична енергија во Северна Македонија.

Брисел, 15 септември 2020 (МИА) – Секретаријатот на енергетската заедница ја поздравува одлуката на македонската Влада за определување на МЕМО ДОО за оператор на организираниот пазар на електрична енергија во Северна Македонија.

– Со оваа одлука, MEMO стана првиот оператор на пазарот на Енергетската заедница што е определен во согласност со регулативата на ЕУ за распределба на капацитетите и регулирање на преоптовареноста (ЦAЦM), наведува Секретаријатот.

Со ова ќе се поддржи имплементацијата на проектот за спојување на енергетските пазари на Северна Македонија и Бугарија, под покровителство на Секретаријатот, предвиден за третиот квартал на 2021 година.

– Одлуката е донесена во согласност со владината уредба за работа на оператор на организирниот пазар, вклучувајќи ги и потребните технички, персонални и финансиски услови, усвоена на 29 октомври 2019 година. Уредбата целосно ја имплементира препораката на Регулаторниот одбор на Енергетската заедница за определување номиниран оператор на пазарот на електрична енергија во согласност со ЦАЦМ-регулативата, наведува Секретаријатот.

Енергетската заедница посочува дека како следен чекор MEMO ќе започне тендерска постапка за избор на врштител на услуги за платформата за тргување на дневниот пазар.

– Воспоставувањето и операционализацијата на MEMO како организиран оператор на пазарот на електрична енергија во Северна Македонија беше поддржано со проекти за техничка помош во рамките на иницијативата за поврзување на регионалниот енергетски пазар, спроведена од Секретаријатот на енергетската заедница и финансирана од Европската комисија, додава Секретаријатот на енергетската заедница. сп/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close