0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за визна либерализација

Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 10 јули 2020 (МИА) – Европската комисија денеска ги презентираше резултатите од редовниот мониторинг на критериумите за визна либерализација во земјите од Западен Балкан и од источното Партнерство, сите ги исполнуваат условите и натаму, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од 2017, Европската комисија има обврска да ги информира земјите членки за исполнувањето на овие критериуми поради брановите на „нелегални“ баратели на азил кои доаѓаа од западниот Балкан пред сѐ, откако се укина визниот режим.

Последниот извештај покажува дека Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грузија, Молдавија и Украина продолжуваат да ги исполнуваат условите и дека безвизниот режим “продолжува да носи позитивни економски, социјални и културни“ бенефити како за ЕУ така и за земјите партнери. Сепак Комисијата потсетува дека не смее да има олабавување на напорите.

-Визната либерализација поттикнува контакти меѓу луѓето и ги зајакнува односите помеѓу ЕУ и граѓаните од западниот Балкан и источното Партнерство. Таа е моќна алатка за напредување на трансформативните реформи, вклучително во областа на правдата и безбедноста. Низ годините видовме значаен прогрес од страна на безвизните партнери да ги зајакнат овие врски. Постојани напори се потребни за да ги сочуваме овие успеси, изјави еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Извештајот на Европската Комисија констатира дека огромното мнозинство патници од западен Балкан се “чесни“ и дека не ја злоупотребуваат визната либерализација за “нелегална“ миграција во ЕУ. Сепак, загриженост останува околу бројот на граѓани од Албанија и Грузија кои “неосновано“ бараат азил во земјите на ЕУ преку безвизниот режим. тм/нд/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close