0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Северна Македонија меѓу 11 сојузници кои ја промовираа иницијативата за создавање на НАТО мрежа за летачка обука во Европа

Оваа мрежа ќе влијае на уште поголема интероперабилност помеѓу сојузниците, ќе ги намали трошоците за обука на пилоти и е вистински пример за концептот за споделување на товарот помеѓу земјите – членки на НАТО.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со уште 10 министри за одбрана од земјите – членки на Алијансата потпишаа Писмо за намери со што ја промовираа мултинационалната иницијатива за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа.

Како што соопшти Министерството за одбрана, оваа иницијатива ќе овозможи воспоставување мрежа на центри за обука на пилоти кои ќе ги исполнат потребите на повеќе европски сојузници за обука на пилоти, кои сами не развиваат ваков вид капацитети.

Оваа мрежа ќе влијае на уште поголема интероперабилност помеѓу сојузниците, ќе ги намали трошоците за обука на пилоти и е вистински пример за концептот за споделување на товарот помеѓу земјите – членки на НАТО.

Северна Македонија во оваа инцијатива го вклучува Центарот за обука на пилоти кој ги вклучува и двата модернизирани симулатори за хеликоптерите Ми-17 и Ми-24.

Министрите за одбрана на Бугарија, Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Романија, Шпанија, Турција и министерката Шекеринска, Писмото за намери го потпишаа виртуелно, веднаш по завршувањето на министерскиот состанок на НАТО. нд/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close