СветСвет.Портал

Северна Кореја добива помош од СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) ќе и додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

Женева, 1 април 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) ќе и додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

Властите во Пјонгјанг тврдат дека во земјата се уште нема заразени од Ковид-19, но набљудувачите тврдат дека тоа е малку веројатно.

Во Северна Кореја се во сила мерки за борба против коронавирусот, вклучително и затворање на границите и воведување карантин за спречување на епидемијата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close