0_Спорт.ПорталФудбал

Сетиен: Жалам за резултатот, но нашата игра се подобрува

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не успеа да го квалификува тимот во полуфиналето на Кралскиот Куп. Каталонците одиграа шест последователни финалиња на турнирот помеѓу 2014 и 2019 година, но синоќа беа поразени во 1/4-финалето по драматичен пораз од 0-1 против Атлетик Билбао. Сетиен изјави дека е задоволен од играта неговиот тим и не е задоволен само од резултатот.

Билбао, 7 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не успеа да го квалификува тимот во полуфиналето на Кралскиот Куп. Каталонците одиграа шест последователни финалиња на турнирот помеѓу 2014 и 2019 година, но синоќа беа поразени во 1/4-финалето по драматичен пораз од 0-1 против Атлетик Билбао. Сетиен изјави дека е задоволен од играта неговиот тим и не е задоволен само од резултатот.

– Јас веќе долго време сум во фудбалот и знам дека има натпревари на кои постигнувате гол со единствениот шут и победувате, и другпат губите, откако ќе создадете 10 позиции. Не знам дали тоа е резултат на самодоверба, инспирација или нешто друго. Ова се работи што ниту тренерите, ниту играчите не можат да ги контролираат. Сè беше одлично, освен резултатот. Жлно е што испаднавме, но сепак видов напредок во некои аспекти од нашата игра што сакаме да ги подобриме, рече тренерот на Барса.

Тој додаде дека не ја видел ситуацијата со картонот на Френки де Јонг за симулација.

– Ми беше кажано дека имало чист прекршок, но не сакам да ги коментирам одлуките на судијата, додаде Сетиен.

Таг
Back to top button
Close
Close