0_Спорт.ПорталФудбал

Сетиен за состојбата во Барселона: Јас се грижам само за фудбалот, другото не е во моја моќ

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен го сподели своето мислење за актуелната состојба во каталонскиот клуб.

Барселона, 5 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен го сподели своето мислење за актуелната состојба во каталонскиот клуб.

– Моја и одговорност на фудбалерите играчите е да се фокусираме на играта и тоа е сè што ме интересира. Јас се грижам за фудбалот,  сè друго не е во моја контрола. Ќе сторам се за да ова не влијае на тимот. Проблеми се случуваат во секој клуб во светот. Постојат работи што не можам да ги контролирам. Зборувајте со мене за фудбалот, сè друго не ме интересира. Сè друго нема да ми помогне во мојата работа, изјави Сетиен.

Во Барселона ситуацијата е далеку од идеална по отпуштањето на тренерот Ернесто Валверде, а кулминираше денеска со преписката меѓу спортскиот директор Абидал и првата ѕвезда во тимот Лионел Меси.

Абидал изјави дека некои играчи не го давале максимумот и дека не биле задоволни од поранешниот тренер, на што Меси му возврати да посочи точно на кого се однесуваат критиките.

Со цел да се разрешат недоразбирањата, претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу, за попладнево закажа состанок со спортскиот директор Ерик Абидал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close