0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сетиен: Се надевам дека Реал ќе погреши

Тренерот на Барселона Кике Сетиен го сподели своето мислење околу трката за шампионската титулата во Шпанија.

Барселона, 26 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона Кике Сетиен го сподели своето мислење околу трката за шампионската титулата во Шпанија.

Каталонците се во „мртва“ трка за врвот со Реал Мадрид. Двете екипи имаат по 68 бода, но Реал е со подобар меѓусебен биланс.

– Сè уште верувам дека можеме да го освоиме шампионатот. Ќе биде тешко и за нас и за Реал Мадрид да ги победиме сите преостанати натпревари. Се надевам дека тие ќе згрешат, а ние ќе го искористиме тоа, изјави Сетиен.

До крајот на првенството во Ла Лига има уште седум кола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close