0_Спорт.ПорталФудбал

Сетиен дебитира со победа

Кике Сетиен со победа стартуваше на тренерското место во Барселона. Каталонците синоќа ја победија Гранада на свој терен со 1:0. Мечот го одлучи голот на Лионел Меси постигнат во 76. минута.

Барселона, 20 јануари 2020 (МИА) – Кике Сетиен со победа стартуваше на тренерското место во Барселона. Каталонците синоќа ја победија Гранада на свој терен со 1:0. Мечот го одлучи голот на Лионел Меси постигнат во 76. минута.

Од 69. минута Барселона играше со фудбалер повеќе по исклучувањето на Херман Санчез.

Со новите три бода Барселона се врати на врвот на табелата во Ла лига. По 20 рунди актуелниот шпански шампион има 43 бода, исто колку и второпласираниот Реал Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close