Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Серија предавања и дискусии за уметниците и културните работници на пазарот на трудот

Во рамки на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори“, Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата организира серија предавања со дискусии за позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание. Ќе се дискутира и за меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Во рамки на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори“, Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата организира серија предавања со дискусии за позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание. Ќе се дискутира и за меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме.

Како што соопшти „Локомотива“, предавањата ќе бидат проследени со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо кој ќе може да се проследи на https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA

Според програмата, вечер, со почеток во 20 часот, предавање ќе има Катја Празник (Словенија/САД) за „Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста“.

На 2 јули годинава предавање ќе има Елеонора Монтање (Италија/Франција) за „Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју“.

На 6 јули 2020 година предавање „Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност“ ќе има Алвизе Фавото (Италија/Велика Британија).

Програмски уреднички на серијата предавања со дискусии се Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова. Координатор на програмата е Зорица Зафировска.

Дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија. мд/са/

Back to top button
Close
Close