0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Серија А: Јувентус се искачи на четвртата позиција

Бранителот на шампионскиот трофеј во Серија А, тимот на Јувентус, ја забележа шестата победа и се искачи на 4. место на табелата со 23 бода. Предводени од Кристијано Роналдо „бјанко-нерите“ вечерва ја совладаа Џенова со 3:1.

Џенова, 13 декември 2020 (МИА) – Бранителот на шампионскиот трофеј во Серија А, тимот на Јувентус, ја забележа шестата победа и се искачи на 4. место на табелата со 23 бода. Предводени од Кристијано Роналдо „бјанко-нерите“ вечерва ја совладаа Џенова со 3:1.

Роналдо постигна два гола, двата од пенал, претходно погоди Паоло Дибала. Голот за Џенова го постигна Стефано Стураро.

За домашниот тим, последните десетина минути ги одигра Горан Пандев.

Џенова досега има само една победа, три нерешени и дури седум порази и е на претпоследното место со шест бодови. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close