0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Серија „А“ повторно запира?

Следната недела ќе има пауза во домашните шампионати поради натпреварите на репрезентациите. Ова значи дека во оваа фаза само рундата од претстојниот викенд може да се одложи.

Рим, 29 септември 2020 (МИА) – Шампионатот во Серија „А“ може повторно да биде суспендиран поради зголемениот број нови случаи на инфекција со КОВИД-19. Според „Кориере дела сера“, турнирот може да биде прекинат на две недели. Ова е една од опциите за која шефовите на италијанскиот фудбал ќе разговараат со локалните власти.

Следната недела ќе има пауза во домашните шампионати поради натпреварите на репрезентациите. Ова значи дека во оваа фаза само рундата од претстојниот викенд може да се одложи.

Џенова веќе објави дека сака да го одложи натпреварот со Торино во сабота поради 14 нови случаи на коронавирус во клубот. Случајот е комплициран од фактот дека во неделата Џенова играше со Наполи, а во тоа време веќе имаше двајца играчи кои беа заразени. Денес ќе бидат тестирани сите фудбалери, тренери и персонал на тимот од Неапол. Резултатите ќе станат јасни утре.

Нова серија тестови ќе се одржат во петок. Доколку има пациенти меѓу играчите на Џенаро Гатузо, под знак прашалник е и одржувањето на судирот со Јувентус, кој е закажан за в недела во 20:45 часот.

Таг
Back to top button
Close
Close