0_Спорт.ПорталФудбал

Серхио Рамос и Жерард Пике ќе станат Олимпијци

Тоа се неговите колеги во одбрана на „Ла Рохан“ Жерард Пике, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и младиот Ансу Фати. Рамос е заинтересиран да оди на Олимписките игри и да се лиши од одморот ова лето, во кое има и Европско првенство во фудбал.

Токио, 6 март 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е на прелиминарниот список за олимпискиот тим на Шпанија за Токио 2020 година. Во проширенот состав има четири играчи на Барселона.

Тоа се неговите колеги во одбрана на „Ла Рохан“ Жерард Пике, Серхио Бускетс, Серхи Роберто и младиот Ансу Фати. Рамос е заинтересиран да оди на Олимписките игри и да се лиши од одморот ова лето, во кое има и Европско првенство во фудбал.

Последниот меч на шампионатот е точно 10 дена пред почетокот на олимпискиот турнир. Се очекува шпанската федерација денеска да го објави конечниот список на играчи за натпреварите во јапонската престолнина.

Во Токио тимови ќе имаат и домаќинот Јапонија, Германија, Романија, Франција, Нов Зеланд, Египет, Брегот на Слоновата Коска, Јужна Африка, Австралија, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Аргентина и Бразил.

Таг
Back to top button
Close
Close