0_Спорт.ПорталТенис

Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос

Поранешната светска тенисерка број еден, Серена Вилијамс се повлече од „Ролан Гарос“ пред мечот од второто коло против Цветана Пиронкова.

Париз, 30 септември 2020 (МИА) – Поранешната светска тенисерка број еден, Серена Вилијамс се повлече од „Ролан Гарос“ пред мечот од второто коло против Цветана Пиронкова.

Причината за напуштање на францускиот Грен слем, е повреда на Ахиловата тетива здобиена на УС Опен.

Според Американката, тешко и е да оди, а за закрепнување ќе бидат потребни две недели целосен одмор и 4-6 седмици рехабилитација. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close