ЕвропаЕвропа.Портал

Сер Бренсон го нуди својот карипски остров за да ја спаси авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“

Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, изјави дека ќе го заложи својот приватен карипски остров со цел да ја убеди британската Влада да ја спаси неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“

Лондон, 20 април 2020 (МИА) – Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, изјави дека ќе го заложи својот приватен карипски остров со цел да ја убеди британската Влада да ја спаси неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“.

Бренсон во отворено писмо до вработените во авиокомпанијата напиша дека не ѝ понудил на британската Влада подарок, туку понуда за комерцијално позајмување.

Опстанокот на авиокомпанијата на Брансон е под знак прашалник, а неговиот остров Некер на Карибите би можел да биде ставен под хипотека.

Новата понуда од Бренсон следува откако Владата на Велика Британија одбила со 500 милиони фунти да ја помогне авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“.

Понудата на Бренсон беше цел на многу критики поради тоа што бара пари од даночни обврзници, наместо да ги искористи сопствените пари за спасување на авиокомпанијата.

Бренсон по богатство е на седмо место во Велика Британија, со проценети 4,7 милијарди фунти, а живее на Островот Некер, даночен рај на Британските Девствени Острови. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close