0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Сер Алекс Фергусон му честиташе на Кени Далглиш за титулата на Ливерпул

Тој беше првиот кој му честиташе на поранешниот фудбалер и тренер на Ливерпул, Кени Далглиш, по титулата во Премиер лигата.

Ливерпул, 27 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, уште еднаш покажа дека е исклучителен господин.

Тој беше првиот кој му честиташе на поранешниот фудбалер и тренер на Ливерпул, Кени Далглиш, по титулата во Премиер лигата.

Ова го откри легендата на Ливерпул за „Дејли мејл“.

– Тоа е многу убаво. Ние остануваме ривали, но тој покажа дека е со отворен ум со тоа што ми испрати честитки, рече Далглиш, кој размени остри зборови со Сер Алекс повеќе од еднаш во минатото.

Ливерпул стана шампион на седум кола пред крајот. откако Манчестер Сити претрпе пораз од 1:2 од Челси и изгуби теоретска шанса да ја одбрани титулата.

Ливерпул последен пат стана шампион во 1990 година. Ова е 19-ти трофеј во витрините на клубот.

Таг
Back to top button
Close
Close