Svet.SlajderСветСвет.Портал

Сенатот одобри правила за постапката за отповикување на Трамп

Со 53 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот усвои план со кој им се дозволува на сенаторите обвинители да почнат случај подоцна во текот на денот.

Вашингтон, 22 јануари 2020 (МИА) – По 13-часовна расправа, американскиот Сенат усвои правила за спроведување на процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и одложување на дебатата за повикување сведоци до средината на судењето.

Со 53 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот усвои план со кој им се дозволува на сенаторите обвинители да почнат случај подоцна во текот на денот.

Американскиот Сенат каде републиканците се мнозинство ги отфрли претходните обиди на три демократи да ја обврзат Белата куќа да поднесе документ за исплата на воена помош за Украина.

Таа одлука ја донесе Сенатот за време на првиот ден од судењето во процесот на отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, што беше обележано со расправа за правилата формулирани во резолуцијата, предложени од Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.

Според резолуцијата предложена од Меконел – претставниците на демократите кои служат како обвинители, како и правниот тим на претседателот во процесот на отповикување, имаат дваесет и четири часа во наредните три дена да го претстават своето видување за случајот. зш/

 

Back to top button
Close
Close